Ако Ви е потреба помош за креирање на профил, додавање на локал во листата или пак сакате да го превземете профилот на Вашиот локал за самите да го менаџирате, сите информации можете да ги најдете подолу.

Како да се регистрирам и најавам на мојот профил?

За да се најавите на Вашиот профил кликнете на “Login” копчето, кое што се наоѓа под делот “Owners”. Прикажано на сликата подолу.

 

Новата страна што ќе се отвори е формата за најава. Внесете емаил и лозинка и кликнете “Login”. (Слика лево)
Доколку сакате да креирате нов профил, кликнете на “Create account” линкот, кој се наоѓа под “Login” копчето. Ќе се отвори нова форма за регистрација. (Слика десно)

Пополнете ѓи полињата со име, презиме, корисничко име, емаил адреса и лозинка, потврда на лозинка, прифатете ѓи условите за користење и кликнете на “Create Account” копчето за регистрација. Вашиот профил ќе биде креиран и ќе добиете емаил порака за потврда.

Како да го додадам мојот локал во листата?

За да додадете локал во листата на нашиот веб сајт, мора да бидете најавени. За најава и регистрација следете ги чекорите погоре. Доколку веќе сте најавени на вашиот профил, кликнете на “Add your place”, се наоѓа под делот “Owners”, прикажано подолу.

 

Пополнете ѓи полињата. Доколку сте сопственик на локалот, осначете го “Mark listing as claimed”. Кликнете “Submit Listing” за да го добиеме Вашето барање.

Вашиот локал веќе постои? Сакате да го превземете за самите да го менаџирате?

Отворете го профилот на локалот и за да го превземете и кликнете го “Claim me” копчето. Ќе се отвори нова форма. Пополнете ѓи полињата и кликнете “Send”. Ќе ве известиме откако ќе го добиеме и провериме барањето.

За било какви дополнителни прашања или проблеми можете да не контактирате на следнава емаил адреса: [email protected].